Комбо на денот: Анастасија Ражнатовиќ во мини-макси комбинација само за најсмелите
Пејачката моментално е на Ибица, на годишен одмор со момчето...
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Немања Гудељ неодамна одлучија да се почестат со луксузно летување на еден од најубавите острови на планетата.
Нивното патување чинело дури 35.000 евра, а судејќи според фотографиите сето тоа вредело, бидејќи двојката ужива како никогаш до сега.
Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави секси фотографија во минијатурно бикини, кое го истакна нејзиното извајано тело.
Освен ултра-модерниот костим за капење, таа носи и макси шешир, кој допринесе за да изгледа уште потренди.
Како што се гледа на нејзините фотографии, таа се труди секој слободен момент да го помине со мажот кој го освои нејзиното срце, а и тој со сите сетила ужива во прегратките на својата сакана.
фото: Принтскрин / Инстаграм