Комбо на денот: Антониа Гиговска во бело - под кошулата се крие парче кое ја разигрува цела комбинација
Младата пејачка не престанува да воодушевува со нејзиниот стил...
Така изминатиот викенд, за настапот кој го имаше во едно од кафулињата во Кочани, младата пејачката се одлучи за бела комбинација составена од бела „оверсајз“ кошула, бели панталони и бели чизми.
За да ја разигра оваа комбинација, Антониа под кошулата имаше облечено црно кроп топче, кое дефинитивно остави посебен ефект.
Како и секогаш, таа внимаваше на деталите, па така накитот кој го имаше на себе се гледа дека е внимателно одбран, додека косата ѝ беше врзана во високо коњско опавче.
фото: Принтскрин / Инстаграм