Комбо на денот: Антониа Гиговска во црн костим, идеален за секоја пригода
Младата пејачка Антониа Гиговска ретко греши кога се модните комбинации во прашање...
Инспирацијата за комбо на денот, денес ја најдовме на Инстаграм профилот на пејачката Антониа Гиговска. На последните фотографии кои таа ги сподели со своите следбеници, позира во црн костим, а целата комбинација ја разигра со впечатлив ѓердан изработен од проѕирни и нежно розови кристали.
Со испегланата коса и нежната шминка го заокружи целиот изглед, а како изгледа во оваа комбинација погледнете во продолжение: