Комбо на денот: Црно бела комбинација во режија на Мина Блажев
Доколку не сакаш да погрешиш во изборот на модна комбинација, тогаш искомбинирај ги белата и црната боја...
Кога се прашувате што да облечете следно и немате некоја посебна идеја, тогаш не ризикувајте - едноставно искомбинирајте ги црната и белата боја и нема да погрешите.
Во тоа, многу вешта е младата пејачка Мина Блажев, која ја запознавме во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. На нејзиниот профил може да најдете многу такви комбинации и да добиете инспирација за што следно да облечете.
Па, поради тоа, таа денес е наша модна инспирација во навидум едноставна комбинација од бели карго панталони и црна кратка маица, кои се всушност внимателно одбрани трендовски парчиња. Целата комбинација ја разигра со жолтите патики и чанта.
фото: Принтскрин / Инстаграм