Комбо на денот: Цветниот фустан на Анастасија Ражнатовиќ кој одговара на сите модели на чевли
Нема шанси да останете незабележани...
Ако е можно едно парче облека да се издвои и да се нарече совршено, тогаш тоа секако е цветниот фустан, а со тоа се согласува и Анастасија Ражнатовиќ.
Оваа сезона се носат лелеави фустани кои се многу удобни за носење, посебно во летниот период, кога темепературите се високи, дури на навечер.
Ако сакате да бидете впечатливи, ви предлагаме да одберете фустан како на Анастасија. Лелеавиот фустан со разнобојни цветови е одлично решение и за вечерните и дневните прошетки.
Она што е супер кај цветните фустани е тоа што може да ги комбинирате со секакви обувки.
Па така, доколку сакате да изгледате малку полежерно може да го носите со омилените сандали или патики, додека за вечерна варијанта одлично стои со „slingback“ чевли, какви што носи младата пејачка.
фото: Принтксрин / Инстаграм