
Комбо на денот: Дина Јашари во најпопуларните чевли кои сите ќе ги носиме оваа есен
Дина Јашари заедно со бендот коj го нарекува „Дина Јашари и другари“, се најголемото освежување на новата македонска музичка сцена.
Дина летово настапуваше низ околните балкански земји, но кончно сега ќе настапи дома, како што вели таа, и тоа на манифестацијата „Звукот на Скопје“, истата вечер со Констракта – петок (16 септември) на плоштадот „Мајка Тереза“ (пред Филхармонија).
Покрај тоа што е музичко освежување, Дина со нејзиниот стил е и модно освежување.
Таа веќе има изградено сопствен стил кој ѝ прилега на една млада музичка ѕвезда, а е сепак толку опуштен.
Денес Дина е наша модна инспирација со едно од водечките есенски парчиња, а тоа се секако оксфордките и тоа искомбинирани со бели чорапи.Популарните чевли ги носи со бело фустанче со точки, со што направила вистински моден погодок.
Можеби ќе ве интересира:
