Комбо на денот: Дуа Липа го промени имиџот + носи инспиративен стајлинг
Откако се појави на сцената, Дуа Липа е препознатлива по нејзината боб кратка, црна коса.
Ѕвездата често експериментираше со боите, од розова, до портокалова, платинеста плава, но некако должината остануваше иста.
Во последно време, Дуа косата ја пушта долга, а на една од последните фотографии таа има и надоградба, што прави да изгледа тотално поразлично.
Покрај долгата црна коса, Дуа Липа облече и интересна и несекојдневна комбинација, би рекле и доста инспиративна.
Што мислите за овој стајлинг на Дуа Липа?