Комбо на денот: Дуа Липа во ХИТ летна комбинација која ќе ја обожавате
Дуа Липа секогаш е мета на папараците, без разлика дали ќе се појави сама или во друштво на нејзиното момче Анвар Хадид.
Најмногу внимание пејачката привлекува со нејзините модни комбинации бидејќи постојано воведува новини во нејзиниот стил.
Таа е инспирација за многумина и многу често тоа што ќе го облече станува тренд број еден кој го обожаваат девојките ширум светот.
Овојпат ја гледаме во хит летно издание, каде ги искомбинирала кратките тексас панталони со црвено-бела кратка кошула под која носи црвено бикини, а високите каубојки го надополнуваат целиот изглед.