Комбо на денот: Џејла Рамовиќ блесна во Милано, во храбар аутфит
Џејла Рамовиќ во последните неколку дена е поактивна на социјалните мрежи од вообичаено, а таа промена многу им се допадна на нејзините обожаватели.
Џејла откри дека моментално е во Милано, а на нејзините следбеници особено им се допадна храбрата модна комбинација во која блесна младата пејачка.
Имено, Џејла искомбинирала зелен џемпер, розово здолниште и чевли со високи потпетици во иста боја. А сè зачини со модерна, светло сина чанта.
„Модна икона“, „Топ“, „Ти си најубава“, „Каква грациозност“, „Убава си“, пишуваа фановите под објавата која собра околу 70 илјади лајкови.