Комбо на денот: Ешли Робертс во забавен пролетен стајлинг кој ќе го обожавате
Комбинирајте ги овие две бои и ќе ги привлечете сите погледи - совршен моден трик за пролетните денови
Пролетната сезона е идеална можност да се игра со комбинирање на различни материјали, трендови и, се разбира, бои, а тоа многу добро го знае и поранешниот член на групата „The Pussycat dolls“.
Атрактивната Ешли Робертс (39), која ни се претстави како членка на женската група, а во последно време ја гледаме и како ТВ-фаца и радио-sвезда, моментално живее во Лондон, каде секој ден ужива во своите модни избори.
Русокосата убавица е позната како некој што сака да експериментира кога станува збор за нејзиниот личен стил, па затоа ја гледаме во неочекувани изданија, а овојпат ни покажа дека не се плаши да комбинира навидум некомпатибилни бои. Па така, Ешли наместо да носи жолт џемпер со апликација во форма на цреша со помалку наметлив остаток комбинација или да се определи за неутрален стајлинг со светкавите розови панталони, реши да ги спои обете парчиња!
Таа се појави пред папараците во оваа многу интересна комбинација, што покажува дека со доволно самодоверба, овој стил може да изгледа фантастично, а за да биде сè уште поинтересно, Робертс додаде светло зелени салонки.
Може ли да биде комбинацијата посреќна и позабавна за еден пролетен ден?
фото:PROFIMEDIAизвор:GLOSSY