Комбо на денот: Фустанот со пруги на принцезата Шарлот идеален за 7-годишни девојчиња
Фустанот чини околу 35 евра...
Во англискиот град Бирмингем се одржува натпреварувањето по пливање „Commonwealth Games“, кое дојде да го поддржи и најистакната двојка на кралското семејство, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Кембриџ со себе ја носеа и својата 7-годишна ќерка, принцезата Шарлот која таму одлично се забавуваше.
Принцезата Шарлот беше вистинско олицетворение на веселба на натпреварот по пливање, кој Шарлот го следеше од трибите заедно со своите родители, мама Кејт и тато Вилијам.
7-годишната принцеза изгледала преслатко во фустанот со пруго на британскиот бренд за детска облека „Rachel Riley“, кој се распродаде набрзо откако Шарлот се појави во него. Станува збор за модел на дебели црни и потенки бели пруги, класичен лелеав крој и должина до колена. Фустанот има и заоблека, т.н. Петар Пан јака, која овој модел го прави уште посладок.
фото: Profimedia