Комбо на денот: Гиговска во тексас од глава до петици (ФОТО)
И оваа пролет тексас, односно деним парчињата ќе се издвојуваат како модни трендови.
Деним комбинациите отсекогаш биле безвременски - се сеќаваме сите на Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк - момент во тексас кој и ден денес се копира, па и Канје Вест и Џулија Фокс во поново време кои исто така се појавија во тексас од глава до петици и ги собраа сите симпатии.
Така и Антониа направи одличен избор со тоа што додаде малку боја.
Таа се одлучи за зелена чанта, црн топ и црни чизми кои одлично одат со тексас комбинацијата.
Инаку кога комбинирате тексас на важно е боите да се приближно слични.