Комбо на денот: Хејли Бибер во издание кое ја буди фантазијата
Познатата манекенка облече фустан кој покрива сѐ, а изгледа како на себе да нема ништо...
Познатата манекенка Хејли Бибер овие денови е во посета на Њујорк, па тоа го искористи за на сите да им докаже дека е кралица на стилот.
Неодамна имавме можност да ја видиме во прекрасен блејзер фустан, кој ги истакна нејзините нозе, а вчера облече еден фустан кој ја вивна високо помеѓу ѕвездите.
Имено, Хејли за вчерашното гостување во една популарна американска емисија, се одлучи да облече преубав долг фустан, кој со причина го носи името „гол фустан“.
Тој е скоро па ист како бојата на човечката кожа, па на прв поглед изгледа како на себе да немате ништо.
фото: THEIMAGEDIRECT.COM / THE IMAGE DIRECT / PROFIMEDIA / ИНСТАГРАМ