Комбо на денот: Хрватската претставничка на Евровизија во циклама од глава до петици (ФОТО)
Евровизија почна и заврши, а Украинците го однесоа трофејот дома. Сега, од најголемиот музички настан во Европа останаа да свечат само фотографиите и видеата на социјалните мрежи, кои учесниците ги споделуваа на профилите на социјалните мрежи.
Иако не се пласираше во финалето, Миа Димшиќ одлично ја претстави својата држава - Хрватска. Тоа многу добро го направи на евровизиската сцена, но и надвор од неа, посебно на тиркизниот килим.
Таму се појави во интересна комбинација, облечена целата во циклама боја. Станува збор за кратки чизми на висока потпетица, мини здолниште, елегантен кроп топ, како и чанта, секако во бојата која е хит оваа сезона.
Од модни додатоци на себе имаше само нежни обетки, додека брановидно извитката коса ѝ беше пуштена на едната страна.
Оваа комбинација дефинитивно може да ви послужи како инспирација за некој свечен настан - матура, апсолвентска, свадба или нешто слично.фото: Принтскрин / Инстаграм