Комбо на денот: И во најскромниот фустан Дуа Липа изгледа кул
Британската пејачка со косовско потекло која го освои цел свет со нејзиниот глас, освојува и со нејзиниот ексцентричен изглед.
Дуа Липа е позната по нејзините „луди“ трансформации и комбинации кои досега успешно стануваа трендови број еден низ цел свет.
Од нејзината кратка коса половина црна, половина бланширана, до долен дел тренерки во комбинација со корсет и високи потпетици, впечатлив накит итн.
Особено за младите е голема инспирација, но иако навикнавме на нејзините откачени изданија, пејачката неодамна не' „почести“ со едно поскромно, поедноставено издание кое секако таа успеа да го износи така што изгледа кул.
Едноставен модел на старомоден фустан, или уште school фустан, како што го нарекуваат, во комбинација со мартинки на нозете е полн погодок за најразлични пригоди, а тоа ќе ви го докаже и Дуа Липа: