Комбо на денот: Ирина Шајк покажува како да носиме костими оваа лето
Деновиве ја бие глас дека започнала врска со раперот Канје Вест, кој моментално е во фаза на разделување од неговата сопруга Ким Кардашијан, но Ирина ниту Канје ја немаат потврдено оваа вест.
Сепак да се фокусираме на она што таа најдобро го прави, а тоа е начинот на кој ја комбинира облеката и знае да го износи секое парче.
Деновиве го прошета најновиот моден тренд, а редовно ја докажува и својата титула на стилска икона појавувајќи се на улиците на Њујорк во разни модерни стајлинзи.
Манекенката не се плаши од експериментирање, што го прави нејзиниот стил особено привлечен. Таа сака да испробува нови трендови на себе, вешто комбинира облека со модни додатоци и исто така ја облекува својата ќерка со стил.
Затоа, не е изненадувачки што целиот моден свет го следи секој нејзин изглед.
Овој пат, моделот избра монохроматски изглед во најубавата нијанса на летната сезона - и облече предимензионален розов костим, надополнувајќи го со кошула во иста боја.
Како главен додаток, Шајк избра торба во иста нијанса, а стајлингот го надополни со овални очила за сонце, златни обетки и ланци со различни приврзоци. При изборот на чевли, моделот не ги менува своите избори - и редовно носи масивни кожни мартинки.
Како ви се допаѓа овој стајлинг на убава манекенка?