Комбо на денот: Кејт Мидлтон повторно во фустан од познатата српска дизајнерка

Комбо на денот: Кејт Мидлтон повторно во фустан од познатата српска дизајнерка

Објавена во: Мода // Moj стил

фото:Profimedia/Stephen Lock/Zuma Press

Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам се на голема турнеја по Карибите, а војвотката од Кембриџ секојдневно привлекува внимание и маѓепсува со комбинации на облека.

Без разлика дали се работи за лежерен или елегантен избор, војвотката блеска во секоја прилика и како и обично претставува своевидна модна инспирација.

За време на оваа посета, војвотката се појави и во фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ во препознатлива жолта боја. 

фото:Profimedia/Stephen Lock/Zuma Press

Ова не е прв пат Кејт Мидлтон да носи парче облека од Илинчиќ.

Да потсетиме, пред две години, додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон работеа од дома, војвотката од Кембриџ привлече големо внимание кога се појави во стар фустан кој некогаш ја запали британската модна сцена. Станува збор за жолт фустан со миди должина со потпис на една од најценетите дизајнерки во Велика Британија, по потекло србинка - Роксанда Илинчиќ.

2014. година - фото: Profimedia

Модните портали во Англија и низ Европа со денови пишуваат за магичниот ефект на ова парче, иако Кејт седеше пред лаптоп и се гледаше само горниот дел од нејзината облека.

Кејт го носеше фустанот на Роксанда за време на тринеделната турнеја низ Австралија и Нов Зеланд во април 2014 година.

Инаку, тоа беше прво официјално патување на кралската двојка во странство со нивниот најстар син, принцот Џорџ, кој неодамна наполни шест години.

извор:ona.telegraf.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: