Комбо на денот: Ким Кардашијан пет+ денови носи еден модел на хеланки во различни бои - голем тренд во најава
фото:profimedia/instagram
Америнканската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан која веќе неколку месеци е во љубов со комичарот Пит Дејвидсон кој е 13 години помал од неа, деновиве најави голем моден тренд.
Таа деновиве престојува во Лондон со своето момче Пит, папараците во неколку наврати ги фатија во шопинг, а Ким секогаш имаше ист стајлинг - Balenciaga хеланки-чизми од сјаен спандекс со длабок струк кои чинат 2.700 евра!
Провокативно парче каде јасно е исцртан секој дел од телото очигледно и стана омилено, а доказ за тоа се фотките од пред неколку дена кога повторно се појави во хеланки-чизми, но во црн. Таа за викендот прошета низ улиците на Лос Анџелес во ист стајлинг, но во розова и боја на кожа.
Погледнете ги сите нејзини изданија во овие хеланки-чизми:
Овој тренд Ким го започна неодамна, но особено од свадбата на Кортни и Тревис во Италија, таа не престанува да ги носи овој тип на хеланки.