Комбо на денот: Ќерката на Здравко Чолиќ во фустан што треба да го има во плакарот на секоја девојка
Често се зборува за Уна Чолиќ, ќерката на една од најголемите ѕвезди на Балканот. Во фокус секогаш е ставен нејзиниот сексапил, но мора да признаеме дека и модните комбинации кои ги покажува на своите профили на социјалните мрежи се одлична инспирација за секоја млада девојка.
Онаа што на нас денес ни го привличе вниманието е една едноставна, но комбинација во која нема шанси да останете незабележани. Станува збор за кратко црно фустанче од сатен, кој е одличен избор за секоја сезона. Може да го носите на ноќни забави, но и на некои посвечени настани.
Уна, го имаше искомбинирано со удобни чизми до глужд, а вие можете да го носите и на високи потпетици. Дефинитивно е „must have“ модно парче за во плакарот на секоја девојка.
фото: Принтскрин / Инстаграм