Комбо на денот: Кожено издание во режија на Марта, вереницата на Стефан Лазаров
Кога е стилот во прашање, со одличен стил може да се пофали Марта, вереницата на јутјуберот Стефан Лазаров.
Доколку го отворите нејзиниот профил на Инстаграм, сигурни сме дека ќе пронајдете инспирација за модна комбинација за секоја прилика.
Едно такво издание е и ова. Го сочинуваат црни кожени панталони и зелено сако, кое исто така е кожено. Под сакото носи кратка маица, а целата кобинација ја заокружи со црни чизми и чанта, кои се идеални за комбинирање и со други модни парчиња.
фото: Принтскрин / Инстаграм