Комбо на денот: Марија Спасовска во комбинација во која доминираат боите на есента

Комбо на денот: Марија Спасовска во комбинација во која доминираат боите на есента

Објавена во: Мода // Moj стил

Младата пејачка Марија Спасовска на почетокот на месецов наполни 17 години, а со изборот на роденденската торта ги воодушеви своите следбеници.

Откако пред 4 години ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија, оваа тинејџерка се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Сега, повозрасна и поискусна, знае како да ѝ се наметне на публиката. Освен со музиката, тоа го прави со својот моден стил, па така, пред неколку дена покажа одлична есенска комбинација.

Во модниот избор на Марија донираат светло кафените нијанси, кои ги искомбинира со бела боја, и со патики со интересен дезен. Оваа комбинација е идеална за прошетка во парк, за кафе дружба со пријателите или некоја друга едноставна прилика, која бара лежерен изглед.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: