Комбо на денот: Мартија Станојковиќ во сиво за одличен есенски изглед
Младата пејачка Мартија Станојковиќ е една од најубаво облечените млади ѕвезди. Ретко кога греши, а нејзините модни комбинации тинејџерките често ги копираат.
Една таква комбинација покажа и пред неколку дена. Имено, Мартија откри дека е подготвена и за новата сезона, поточно за есента. Сивиот косим - составен од сако и панталони, ги искомбинира со црни чизми со висок ѓон и бела кратка блуза.
Целиот изглед го збогати со очила за сонце, мала чанта, часовник и минимален накит.
фото: Принтскрин / Инстаграм