Комбо на денот: Мартија во долг фустан идеален за свечени пригоди
Младата пејачката Мартија Станојковиќ е една од најубаво облечените млади пејачки. Речиси никогаш нема направено модна грешка, а сега, со едно од последните изданија покажа и докажа зошто ја има токму оваа титула.
Имено, таа викендов беше на свадба, а за таа прилика одбра долг црн фустан со гол грб и длабоко делколте. Акцентот со детали беше ставен на долниот дел фустанот, кој беше целосно прекриен со кристали.
За оваа прилика, Мартија се одлучи за сребрени високи потпетици, а косата и беше врзана во високо коњско опавче. Доколку набрзо сте повикани на некоја свадбена веселба, веруваме дека овој фустан е идеален избор за вас.
фото: Принтскрин / Инстаграм