Комбо на денот: Меган Маркл во моќно teen издание
Убавата актерка и споруга на принцот Хари која носи второ негово дете, Меган Маркл честопати беше во центарот на медиумскиот фокус, особено поради нејзиниот моден стил, кој не може да остане незабележан.
Елегантен, женствен и едноставен - така може да се опише секој стајлинг на моментално омилената славна личност на многумина ширум светот, Меган Маркл.
И додека беше Војвотка, секогаш беше на висината на задачата, но дефинитивно е дека умее да ги следи трендовите, да се облече помладалачки, потинејџерски и да биде инспирација и за младите.Едно од омилените такви нејзини изданија е токму онаа кое го гледате на фотографијата - толку едноставно, а толку моќно!