Комбо на денот: Мини фустанот на Мартија кој секоја тинејџерка мора да го има
Трендсетерка помеѓу младите пејачки...
Мартија Станојковиќ важи за една од најубаво облечените млади пејачки, која ретко кога прави грешка кога се модните комбинации во прашање.
Овој пат, една од нејзините последни комбинации, одлучивме да ви ја претставиме на комбинација на денот. Станува збор за шарениот мини фустан, на кој преовладуваат зелените нијанси. Мартија го имаше искомбинирано со бели сандали и циклама чанта, додека косата ѝ беше соберена во високо коњско опавче.
фото: Принтскрин / Инстаграм