Комбо на денот: Накитот на Кики од „Дајте музика“ кој го сакаме и ние
Кики Мукаетова од тимот „Дајте музика“ кои ја претставуваа Македонија на Детски Евросонг, има супер кул стил, а особено внимава на деталите и накитот.
Често ја гледаме со повеќе парчиња накит на себе и не знаеме кое од кое парче е поубаво.
Кики е модел за тин-линијата на италијанскиот бренд за накит Ребека, па секогаш ни ги претставува најновите модели кои едвај чекаме да ги имаме и ние.
Најубавите привeзочиња, блескави кристали, бисери, сите форми, букви и бои - буквално сѐ што ќе замислите, ќе го најдете во Rebecca Macedonia.