Комбо на денот: Од XS до XXL - креации од Викторија Бекам за сечиј облик на тело

Комбо на денот: Од XS до XXL - креации од Викторија Бекам за сечиј облик на тело

Објавена во: Мода // Moj стил

Викторија Бекам и семејството периодов повторно се мета на критики откако се обелоденија шпекулации дека не се во добри односи со снаата Никола Пелц Бекам. Но најверојатно станува збор токму за шпекулации бидејќи како што самата Никола објасни се' почнало од свадбата кога таа избрала друг дизајнер да ѝ го креира фустанот, наместо нејзината свекрва Викторија Бекам, иако таа појасни дека Викторија немала проблем со тоа, но медиумите тоа поинаку го претставиле.

Но настрана од тоа, Бекам е позната дизајнерка која креира модели за секоја девојка и жена, а овојпат впечаток ни оставија модели на фустани кои им прилегаат на девојки од XS до XXL.

Станува збор за фустани и комплети кои можат да се носат со патики за опуштени прилики, но и за свечености во комбинација со елегантни чевли.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: