Комбо на денот: Пејачката Едита во комплет со војнички дезен, идеален за прошетки во природа
За викендот кој следува доби понуда со пријателите да одиш на прошетка во природа и уште сега се мислиш што да облечеш. Доколку немаш идеја, имаме решение за тебе. Поточно, решението го има српската пејачка Едита Арадиновиќ.
На една од нејзините последни објави од природа таа е облечена во комбинација која сигурно ќе ви послужи како инспирација и која би сакале да ја ископирате. Станува збор за комплет панталони и јакна со војнички дезен. Пејачката нив ги искомбинира со тесна црна маица на долги ракави, а од накит на себе имаше само обетки и часовник.
Оваа комбинација дефинитивно е полн погодок, бидејќи е слоевита, но и за тоа што боите на истата одлично ќе се вклопат со боите во природата, кои преовладуваат во есен.
фото: Принтскрин / Инстаграм