Комбо на денот: Претставничката на Кипар, Елена дотерана за одличен 5+

Комбо на денот: Претставничката на Кипар, Елена дотерана за одличен 5+

Објавена во: Мода // Moj стил

Претставничката на Кипар, Елена Цагриноу со својата изведба ја однесе нејзината земја во финале на Евровизија и ќе ја гледаме повторно во сабота меѓу финалистите.

Иако нејзината песна предизвика лавина коментари, првенствено од нејзината сопствена земја поради текстот на сама песна каде пее за ѓаволи, а особено наиде на жестока осуда од црквата и верниците кои бараа да се повлече нејзината песна, сепак Елена со енергичниот настап успеа да влезе во финале.

Денес е наша модна инспирација со стајлинг за одличен 5+
Елена носи тексас комплет од кратки панталони и палто комбинирано со бели патики и бел топ и е супер модна инспирација за тинејџерките.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: