Комбо на денот: Сара Јо во спортска комбинација идеална за деновите од есента
Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо воодушевува со модниот избор за на сцена, но подеднакво е добра и кога е се во прашање комбинациите кои ги носи кога светлата на рефлекторите се изгасени.
Тогаш е наклонета кон удобноста, поточно спортскиот стил, а неодамна покажа една таква комбинација која е идеална за деновите од есента.
Станува збор за хеланки и краток дуксер во сива боја, кои ги искомбинира со патики во истата боја. Целата комбинација ја заокружи со црниот оверсајз дуксер, кој е одличен избор доколку сакате да не ви биде ладно.
фото: Принтскрин / Инстаграм