Комбо на денот: Шакира во спортски комплет во бојата на сезоната
За познатата пејачката Шакира годините се само бројка. Иако има 45 години, нејзината фигура изгледа подобро од било кога, а поради тоа, често можеме да ја видиме во комбинации, кои дефинитивно се идеални за тинејџерки.
Така е и оваа спортска комбинација, составена од тренерки и кратка маичка во виолетова боја. Оваа боја во моментов е многу актуелна и е вклучена во најразлични парчиња облека. Дека внимавала сѐ, говори и фактот што дури и на патиките ја има оваа боја.
Спортската комбинација на Шакира е идеална за свежите летни ноќи, како и за прошетките во раната есен.
фото: Принтскрин / Инстаграм