Комбо на денот: Специфичниот стил на Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам

Комбо на денот: Специфичниот стил на Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам

Објавена во: Мода // Moj стил

Се ближи 9-ти април, денот кога е закажана една од најочекуваните венчавки на годината, венчавката на синот на Дејвид Бекам и Викторија Бекам.

Најстариот син на поранешниот фудбалер, Бруклин Бекам има 24 години и ќе се ожени со актерката и модел Никола Пелц.

Познато е и дека невестата ќе носи венчаница од дизајнерот Валентино, а Никол со својот стилист планира да го посети Рим за да испроба неколку модели, а ќе одбере два „бајковити“. Венчавката ќе се одржи во вилата на милијардерот Нелсон Пелц (79), татко на невестата, во Палм Бич, Флорида. Вилата се наоѓа покрај море и има 27 соби. 

Двојката започна врска во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година, ја објавија свршувачката и оттогаш интересот на јавноста за нив не престанува. Особено за Никола, која е девојка со нереална убавина и изграден, сопствен стил кој не ги следи денешните трендови.










Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: