Комбо на денот: Србинката Нина Сеничар издоминира на црвениот килим на Оскарите, за првпат во јавност со сопругот

Комбо на денот: Србинката Нина Сеничар издоминира на црвениот килим на Оскарите, за првпат во јавност со сопругот

Објавена во: Мода // Moj стил

Водителката Нина Сеничар синоќа присуствуваше на Оскарите со својот сопруг Џеј Елис.

Нина Сеничар, врвна српска ТВ водителка и актерка, синоќа доминираше на црвениот тепих кога се појави рака под рака со нејзиниот партнер Џеј Елис.

Се шпекулираше дека нејзиниот сопруг ја држел подалеку од очите на јавноста, а нејзините фотографии не можеа да се најдат на неговиот Инстаграм профил. Но, синоќа можевме да видиме како тоа не е вистина, со оглед на тоа што тој гордо дојде со неа на Оскарите.

Нина изгледаше волшебно! Во црн корсет фустан таа ги засени дури и некои од водечките холивудски ѕвезди.

Фустанот на модната куќа Долче и Габана беше исклучително гламурозен.

Со залижана коса и дискретна шминка, нејзината природна убавина дојде до израз.

Како ви се допаѓа фустанот на Нина?


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: