Комбо на денот: Светот се стопи од убавина - Криси Тајген и Џон Леџенд во најслаткото друштво на Греми наградите

Комбо на денот: Светот се стопи од убавина - Криси Тајген и Џон Леџенд во најслаткото друштво на Греми наградите

Објавена во: Мода // Moj стил

Вистинско воодушевување на Греми наградите предизвикаа Криси Тајген и Џон Леџенд кои пристигнаа во најслаткото друштво.

Тие ги одбележаа овогодинешните Греми награди појавувајќи се како семејство на церемонијата.

Оваа позната двојка позираше со тригодишниот син и петгодишната ќерка, а нивното присуство го привлече вниманието на насобраните и предизвика бројни позитивни коментари.

Криси Тајген објави фотографија на Инстаграм и предизвика вистинска лавина од емоции.

Слаткото девојче Луна беше облечено во шарено фустанче и јоргован боја сандали, додека момчето имаше вистинско сериозно одело. Тие со својата преслаткост ги освоија срцата на набљудувачите.

Да потсетиме, оваа двојка јавно проговори за болниот период низ кој поминала кога Криси доживеа спонтан абортус, а Џон изјави дека му е драго што неговата сопруга споделува сè со другите парови бидејќи сфатиле дека не се сами и дека губењето на бебето е многу стресен и тежок момент.



извор:GLOSSY

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: