Комбо на денот: Теодора Џехверовиќ ѝ пркоси на есента во мини здолниште
Познатата пејачка Теодора Џехверовиќ ѝ пркоси на есента!
Иако сите во есен претпочитаат топла облека, на неа не ѝ е проблем да се соблече и есенските модни парчиња да ги искомбинира со мини здолниште.
Во овој случај таа се одлучи за здолниште на преклоп со пепито дезе, бела ролка, која го открива нејзиниот стомак, и црно „оверсајз“ сако. Со црните очила за сонце, црната чанта и чизми ја заокружи целата комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм