Комбо на денот: Вилоу, ќерката на Вил Смит, во огнено добро издание
По инцидентот на Оскарите, актерот Вил Смит и неговото семејство се главна тема во медиумите, а како и не би биле кога вакво нешто се немаше случено во историјата на овој престижен настан.
По многуте шпекулации, сепак се обелодени дека Академијата покренала дисциплинска постапка против Вил Смит, а откриено е и дека му било кажано да ја напушти церемонијата по шамарот кој му го удри на Крис Рок, но Вил одбил да го стори тоа.
Додека сево ова трае, ќерката на Вил и Џејда, Вилоу Смит која инаку се занимава со пеење, тотално е посветена на нејзината работа па заедно со најавата за нова песна, таа објави и нови фотки на кои изгледа огнено добро.
Црн аутфит зачинет со црвени кристали по рацете и црвена сенка и кармин, за вистинска доминација.
Панталоните заедно со каишот се супер носливи за секојдневни комбинации заедно со мантилот и чизмите, додека топот кој го носи Вилоу е во случајов statement парче кое пак супер се вклопува за посебни прилики.