Комбо на денот: За комбинација на Карлеуша за која постојано се зборува не ви се потребни многу пари
Една од зимските комбинации на Јелена Карлеуша предизвика големо внимание, а пејачката одлучи да открие како девојките може да постигнат таков изглед.
Јелена Карлеуша со години важи за најдобро облечена жена во регионот, а и пошироко, што докажуваат многубројните вести во кои се открива дека познатите дами одредени модни комбинации ги имаат износено по популарната српска пејачка.
Иако поседува луксузни модни парчиња, кои најверојат чинат многу, Јелена во една прилика откри дека носела фустани кои чинат 20 евра и дека најмногу лајкови на социјалните мрежи добива токму на фотографиите на кои позира во облека со пониски цени.
Сепак, едно од нејзините зимски изданија никого не остави рамнодушен. Иако е покриена од глава до петици, комплиментите не изостануваа, а сигурни сме дека нејзиниот изглед со задоволство би го копирале многу девојки.
Во сина оверсајз ролка и миди плетеното здолниште позираше познатата пејачката, а целата комбинација дополнително ја „зачини“ со својата чанта со реси и наборите на чизмите со отвор на прстите.
Со оглед на тоа што доби многу коментари и пораки, Јелена одлучи да им открие на девојките како да постигнат ваква комбинација. Во таа прилика откри дека модните парчиња според својата цена се помалку или повеќе достапни.
„Оваа комбинација предизвика големо воодушевување, како кај медиумите, така и кај огромниот број жени. Сите прашуваат што имам на себе. Станува збор за џемпер и здолниште од „Зара“, чанта „Валентино“ и „Викторија Бекам“ чизми.“
фото: Принтскрин / Инстаграм