Коментарите не нѐ интересираат: Марија Шерифовиќ отворено за односот со Џејла Рамовиќ
Конечно стави крај на сите озборувања...
Пејачката Марија Шерифовиќ е позната како жена која не ја допираат озборувањата, па така не се грижи за реакциите на јавноста дури и кога се во прашање шпекулациите за нејзината врска со поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“.
Марија во текот на повеќегодишното жирирање и менторство во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ соработувала со многу кандидати, но малку кој остави впечаток на публиката како младата пејачка Џејла Рамовиќ.
Дури ни помеѓу останатите победници во ова шоу, немало учесник кој брзо и лесно ги има освоено симпатиите на регионот, како талентирата убавица од Горажде, чиј ментор беше токму Марија Шерифовиќ.
Тие две секогаш зборувале само најдобро една за друга, а пред неколку години, откако Марија престана да ја следи Џејла на Инстаграм, се појавија шпекулации дека тие две се скарани. Меѓутоа, постарата и помладата колешка никогаш не придавале премногу значење на тоа, а сега Марија во едно интервју одговори на прашањето каков однос има со Џејла.
„Супер сме, се слушаме, сѐ е во ред. Тоа е единствениот став на сите нас. Не нѐ интересираат коментарите“ - кажа Марија за „Блиц“.
Инаку, Шерифовиќ наскоро се враќа пред својата публика по долгата пауза и тоа со два концерти, а не крие дека можеби ќе треба малку да се присети и на текстовите.
„Време беше за малку да се дружиме. Публиката поприлично ми недостасуваше, нервозна сум и едвај чекам. Само сите убаво да се подготвиме и сѐ ќе биде океј. За „Другу страну плоче“ најверојатно имам заборавено некои песни, некои пеев на француски, така што ќе ми треба време за малку да се присетам на сето тоа. За брзо почнуваме со пробите, ќе биде океј“ - исткана таа.