Компанијата Вивакс пред светската публика на Ануга 2023 - најголемиот саем за храна и пијалаци
Компанијата Вивакс, најголемиот и најпознат македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот ВИВА, како и производител на висококвалитетни природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка, праска, капина и вишна, и оваа година се претставува на Ануга 2023, еден од најпрестижните саеми за храна и пијалаци во светот кој се одржува од 07 до 11 октомври. Еднаш на секои две години во Келн, Германија, се поврзуваат водечките добавувачи, дистрибутери, претставници на познати ланци на маркети, и производители на храна и пијалаци од целиот свет.
„Ануга е местото каде се спојува иновацијата, квалитетот и автентичноста на различни вкусови и производи, како и најновите трендови во прехранбената и преработувачката индустрија. Со сопствениот штанд веќе успешно го привлекуваме вниманието на експертите од нашата индустрија претставувајќи го нашето широко портфолио, а посетителите да се уверат во одличниот вкус и квалитет на ВИВА соковите и овошните каши што се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши. Од исклучителна важност е да се биде во центарот на случувањата на овој настан на кој директно може да посведочиме за новитетите во нашата индустрија.“- истакна Тања Атанасова, менаџер на Вивакс.
Вива соковите се препознатлив бренд веќе 30 години, но и достапни за потрошувачите на 4 континенти и во над 30 земји во светот.
„Особено сме горди што нашите производи се веќе добро познати и во САД, Карибски острови, Малдиви, Алжир, Индонезија, Канада, Обединети Арапски Емирати, Ирак, Германија, Малта, Гана, Буркина Фасо, Сингапур, земјите од регионот и уште многу други земји. Учеството на саемски манифестации како Ануга е идеална прилика за размена на искуства и успешни практики, како и одлична можност за промоција на нашите производи и за стекнување на нови деловни контакти, идни соработки и нови партнери на европски и светски пазари. По завршување на самот очекуваме дополнително зголемување на извозот и влез на нови пазари, а со тоа и зајакнување на нашата позиција како производител на висококвалитетни производи.“ - изјави Ристо Јосифовски, управител на Вивакс.
На 37-мото издание на Ануга се очекува да има повеќе од 7.000 изложувачи од повеќе од 100 земји, а се очекува посетеноста да надмине и 170.000 посетители. Претставуањето на компаниите на овој еминентен настан е најглавниот фокус на сите релевантни учесници од прехранбената индустрија.
ПР објава