КОНЕЧНО: Јелена Карлеуша проговори за естетските зафати

КОНЕЧНО: Јелена Карлеуша проговори за естетските зафати

Објавена во: Живот // Живот

Јелена Карлеуша е една од најатрактивните пејачки на подрачјето на поранешна Југослави, а за нејзиниот изглед освен регионалните медумите, пишуваат и светските медиуми. Иако често ја прозиваат поради претераното користење на алатките за средување на фотографиите, но и естетските зафати, Карлеуша самоуверено тврди дека е најзгодната жена на овие простори.

Сега во интервју за „Курир“ откри колку пати се одлучила за естетски операции и стави крај на долгогодишните гласини за претераните заминувања под нож.

„Естетската хирургија е фантастична работа. Доколку не се претера и се прави паметно може да изгледа одлично. Моментално подготвувам план како да ја работам оваа работа следните 20 години, а мојот изглед да не се промени. Не сакам да останам засекогаш млада, но мојата работа бара секогаш изгледам добро“  - кажа Јелена па откри што има корегирано на своето лице и тело.

„Единствените две корекции кои ги имам направено се градите и усните. Усните никогаш не ми биле трајни, туку морам по одредено време повторно да ги направам. Сметам дека сè што се вбризгува во лицето, а е трајно, подоцна може да предизвика проблеми“ - кажа Јелена без влакна на јазикот, со што ги демантираше сите гласини и откри дека никогаш не вризгувала ботокс во лицето.

„Никогаш не сум правела ботокс, но тоа не е нешто со што се фалам. Сега е време. Некогаш е подобро да се започне на време. Влегов во последниот воз за таква интервенција“ - додаде Јелена. За крај та аоткри дека има во план уште еден зафат, а станува збор за корекција на носот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: