КОНЕЧНО: На таткото на Бритни Спирс му е одземена позицијата старател - кои се следните чекори?
На Џејми Спирт со одлуката на судот во Калифорнија му е итно одземена позицијата старател на пејачката Бритни Спирс.
Од вчера, тој повеќе нема контрола над нејзините финансии и имот, а за привлемен старатен е поставен Џон Забел, на предлог на адвокатот на пејачката Метју Росенгарт. Тој навел дека следното сослушување е закажано за 12 ноември и дека се надева деак старатенскиот ангажман на Спирс во потполност ќе заврши во текот на следните недели.
Спирс од 2008 година беше под надзор на татко ѝ, кога беше ставена под старателство, што е облик на контролирање и управување во животот.
Таткото на пејачката негираше дека ја злоупотребувал, а судот поднесе барање да го разреши од должноста старател, кога Бритни побара некој друг да ја врши таа функција.
Првобитната одлука на судот од 2008 година, старателството на Бритни Спирс беше поделено на два дена: старателството над неа како личност и над нејзините финансии. Таа од 2008 година немала контрола над сопствените финансии, но ни над животот.
Нејзиниот татко ја имаше котролата во двата случаи, но во 2019 година за личен старател на пејачката беше поставена Џоди Монтгомери, бидејќи таткото на пејачката имал здравствени проблеми.
Бритни и понатаму не е слободна. Адвокатот на пејачката и понатаму нема поднесено барање за прекинување на старателството, но се препоставува дека тоа ќе го направи до крајот на годината. Важен чекор во правната борба за ослободување на Бритни Спирс игра суспензијата на нејзиниот татко од ова место.
Во претходните недели обајвени се дури три документарни филмови, кои се занимаваат со овој случај. Во еден од нив, откриено е дека нејзиниот татко за целото време ги прислушкувал нејзините разговори, како телефонски, така и куќата во која живеела, а ги следел и сите СМС преписки кои ги имала.