Конечно облечена: Ријана по 8 месеци конечно има „нормална“ трудничка комбинација (ФОТО)
Конечно не е вулгарна...
Откако на светот му откри дека е бремена, Ријана каде и да се појави гордо го покажува трудничкото стомаче, но и откачените комбинации кои само таа знае да ги износи.
Еден таква комбинација облече за вечера со пријателите во еден познат ресторан во Холивуд, во кој познатите ѕвезди често се гости. За вечерата со пријателите, убавицата од Барбадос одлучи да облече циклама фустан со пердуви.
Мораме да признаеме дека на идната мајка, тесниот фустан на прерамки со светло зелени детали од пердуви ѝ стои совршено. Фустанот го потпишува модната куќа „Сен Лорен“, а неговата цена е околу 1.500 евра. Пејачката целата комбинација ја надополни со интересна чанта и тиркизни чевли на високи потпетици.
фото: ProfimediaКадравата коса, карминот во иста нијанса како фустанот, но и огромниот зелен прстен, совршено се вклопија во целата комбинација.
За разлика од нејзините претходни изданија во кои нејзиниот гол стомак беше во прв план, сега пејачката го покри, иако понатаму е тема број еден каде и да се појави.
фото: Принтскрин / Инстаграм