Конечно престанавте да ги потпевнувате стиховите од „Мушкарчина“: Лина Пејовска повторно ќе ве зарази - хитот на Сара Јо во нејзина изведба (ВИДЕО)
По изборот за „Песна на Евровизија“ во Србија, многу од песните кои беа во борбата се издвоија и станаа вистински хитови. Една од нив е и „Мушкарчина“ на Сара Јо, која воедно беше и фаворит, но на крајот се најде на второто на место.
Дека оваа песна е апсолутен хит во регионот, говори и фактот што неколку недели по ред беше во „трендинг“ на Јутјуб, но и тоа што сите помалку или повеќе од нигде никаде ги потпевнуваме стиховите „Бруи, бруи чаршија“. Ни познатите музички ѕвезди не останаа имуни на овој хит на младата пејачка Сара Ја.
Помеѓу пејачите кои се „заразени“ со „Мушкарчина“ е и нашата Лина Пејовска, која сега покажа како звучи оваа песна во нејзина изведба. Со оглед на тоа што од сите актуелни хитови, на Инстаграм споделува барем рефренче испеано од нејзина страна, истото се случи и со оваа песна.
Бројот на лајкови и коментари се доказ дела Лина успешно ја завршила задачата која си зададе, а како звучи „Мушкарчина“ во нејзина изведба, слушнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм