Конечно пристигна: Најпосакуваната опција на Инстаграм веќе е достапна и на десктоп верзијата
Инстаграм сега дозволува можност да објавувате фотографии и од десктоп. Ова е пресврт, бидејќи ова е првпат популарниот сервис за споделување на фотографии официјално да го дозволи објавувањето од извор надвор од мобилните телефони, наведува „Petapixel“.
Компанијата официјално го потврди овој потег наведувајќи дека прво ќе им билде овозможено само на дел од корисниците, а на сите корисници во текот на претстојните медели и месеци.
„Знаеме дека многу луѓе пристапуваат до Инстаграм од своите компјутери“ - наведуваат од компанијата и додаваат: „За да го подобриме тоа искуство, ја тестираме можноста за креирање на објава на Инстаграм од десктоп пребарувач“.
Плановите на Инстаграм за проширување на објавувањето од десктоп ги забележал развивачот Алесандро Палучи, додека компанијата сè уште ги тестирала плановите. Сепак, од оваа недела, многу корисници се наведува дека сега ќе го гледаат „копчето“ за создавање на нов пост на десктоп пребарувачот и дека сега ќе можат да создаваат објави со помош на новиот систем.
Ако објавувањето од десктоп е овозможено за вашиот профил, ќе најдете нова икона за „додавање“ на врвот помеѓу иконите „инстант порака“ и „истражување“. Кога ќе ја повлечете и ставите фотографијата во „create box“ (или изберете датотека со помош на копчето „browse“), ќе имате можност да ја исечете фотографијата и да ја уредувате пред да ја објавите.
Овој најнов потег го приближува Инстаграм уште поблиску до Фејсбук (матичната компанија) во дизајнот. Објавувањето од десктоп одамна се очекуваше, така што беше само прашање на време кога ќе биде лансирано.