Конечно се огласи сопругата на Алек Болдвин: Се грижам за неговото ментално здравје
Дали ќе го издржи притисокот?
Сопругата на Алек Болдвин, Хилари, откри што направила прво откако слушнала за несреќата на сетот во кој Алек случајно ја застрелал снимателката Халина Хачинс.
Хиларија вели дека ги подготвила нивните шест деца и тргнала кон селото со автомобилот.
„Не знаев каде одам, само возев“, изјави таа за New York Post за време на ексклузивно интервју во Вермонт.
Хилари изјавила дека цел ден возела барајќи место подалеку од очите на јавноста, пред да се смести во градот Манчестер во Вермонт. Таа се надевала дека ќе успее да ги заштити сопругот и децата од медиумите. Таа во интервјуто откри и дека се грижи за психичката состојба на Алек.
„Го донесов Алек овде да тагува за смртта на Халина. Тоа е трауматично, тука сме само поради тишината“, рече таа.
На прашањето дали Алекс повторно ќе глуми, но не можела да каже ништо со сигурност.
Фото:Профимедиа/Инстаграм