Конечно се откри причината: Познато е зошто Шон Мендес и Камила Кабелјо раксинаа
Во средата, на 17 ноември, Шон Мендес и Камила Кабелјо ја прекинаа својата врска по две години. Пејачката повеќе не е „сењоритата“ на Шон, но затоа и понатаму е негова пријателка. Како што екслузивно дознава „E! News“, Шон го „започнал разговорот“ со Камила уште минатата недела. Иако таа на некој начин била вознемирена поради тоа, пејачката се сложила дека така е најдобро.
Тие двајца јасно си посочиле дека по завршувањето на врската ќе останат во добри односи.
„Еј, луѓе ние одлучивме да ја прекинеме нашата романтична врска, но нашата љубов еден кон дург е посилна од било кога“ - напишаа пејачите, а потоа додадоа: „Врската ја започнавме како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме тоа“.
Иако Шон и Камила одат по својот пат, од романсата им останаа најдобри спомени и безброј вредни лекции. Сепак, Камила му помогнала на Шон во неговото одбивање да ги покаже емоциите. Изјави дека имал тенденција да се затвора, но дека оваа негова навика исчезнала поради неа.
Колку и да било тешко, изворот вели дека Шон и Камила „уште комуницираат и сакаат да бидат приајтели“, додавајќи дека тоа „воопшто не било лоша разделба“. Според инсајдерот, нивната романса само исчезнала, бидејќи „врската стагнирала и тие одлучиле дека е подобро да бидат пријатели“.