Шон Мендез и Камила Кабело раскинаа по две години врска: Двајцата ја потврдија веста (ФОТО)
Иако пред две недели заедно ја прославија Ноќта на вештерките, пристигнуваат не толку добри вести: пејачката Камила Кабело и Шон Мендез повеќе не се заедно.
Веста ја објавија и двајцата на Инстаграм во исто време.
„Еј дечки, решивме да ја прекинеме нашата романтична врска, но љубовта што ја имаме еден кон друг е посилна од кога било“, напишаа тие и додадоа:
„Нашата врска ја започнавме како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели. Ја цениме поддршката што ја имавме од вас од почетокот па наваму“.
За потсетување, Камила и Шон почнаа да се забавуваат во јули 2019 година, веднаш по објавувањето на спотот за „Сењорита“.
Во текот на летото, парот ја прослави својата втора годишнина на социјалните мрежи, а Камила напиша „Среќна годишнина Куко. Наздравје за повеќе радост, пријателство и повеќе љубов.“
За време на промоцијата на албумот Wonder, Шон откри колку е близок со Камила.
„Таа е една од моите најдобри пријатели од 15-годишна возраст. Знам дека сме навистина млади, но мислам дека кога ќе ја пронајдете вашата личност, ќе го почувствувате тоа“, рече тој.
извор:novаКрадци упаднале во куќата на Камила Кабело, таа решила да ја продаде!