Конечно се откри причината: Зошто Тесла умрел во сиромаштија и долгови
Најголемиот ум помеѓу луѓето, електрична енергија сакаше да му ја даде на светот бесплатно, а почина како сиромашен човек...
Долго пред Мишел Фуко да научи дека „знаењето е моќ“, Никола Тесла брилијантно илустрираше дека генијалноста лежи во изменичната струја. Роден во Хрватска за едни, во Србија за други во 1856 година, Тесла ги покажа своите неверојатни ментални способности уште од најрана возраст. Во неговиот навидум неограничен мозок можеше да „собере“ цели книги и логаритамски таблици, да остане буден долг период и лесно да учи нови јазици.
Според сите извештаи, јасно беше дека Тесла има „златен рудник“ во главата и навистина неговиот мозок создал бројни пронајдоци без кои денес не можеме да го замислиме животот. Но, понекогаш работите немаат многу смисла во животот, исто како што фактот дека Тесла почина без пари, пишува Grunge.
Во Соединетите Американски Држави замилан во 1884 година, носејќи само четири центи во џебот. Иако немаше многу, од него „пукал“ потенцијалот. Покрај тоа, тој со себе носел препорака адресирана до Томас Едисон, во која наводно пишувало: „Драг мој Едисон, познавам двајца одлични луѓе, а ти си еден од нив. Другиот е овој млад човек!“.
Подоцна Тесла раскажал дека Едисон му ветил дека ќе му плати 50.000 американски долари, доколку успее да направи подобар изум од постоечките генератори на истонасочна стрија, предлог кој тој ентузијастички го поздравил, возвраќајќи му со зборовите „предизвикот е прифатен!“.
Откако го надмина, Едисон својата првична понуда ја нарекол шега, а Тесла даде отказ и повторно остана без пари.
Импресиониран од дизајнот на системот за напојување со наизменична струја, ривалот на Едисон, Џорџ Вестингхаус лиценцираше патенти за оваа моќна технологија за 60.000 американски долари.
Но, кога првата скапа правна битка со Едисон се заканувала со банкрот на Вестингхаус, Тесла несебично се согласи да не ги наплаќа хонорарите што му беа ветени.
Уште еден непроценлив изум, трансформаторот на Тесла, имал моќ да генерира големи напони и да испраќа радио сигнали. Но, овој изум му беше украден од Гилјермо Маркони, кој тврдеше дека е одговорен за изумот на радиото.
Тесла сакаше бесплатно да ја пренесува електричната енергија низ целиот свет со помош на гигантски кули. Но, кога ја изгуби наклонетоста на богатите инвеститори, тој падна во депресија. По нервниот слом, животот на Тесла се распадна.
„На крајот на краиштата, јас сум поразен човек. Не го остварив она најголемото што го можев. Сакав да ја осветлам целата Земја. Во неа има доволно електрицитет за да се создаде уште едно Сонце. Светлината ќе заблескаше околу екваторот, како прстен околу Сатурн. Човечката раса не созреа за нешто големо и добро. Во Колорадо Спрингс, ја напојував Земјата со електрицитет. Животот има бесконечен број на аспекти, а должноста на научниците е да ги пронајдат во секој облик на материјата. Три работи се важни во тоа. Сè што прават е потрагата по нив. Знам дека нема да ги најдам, но нема ни да се откажам од нив.“ - ова се зборови кои Тесла ги изговорил за интервјуто кое наводно било криено полни 120 години и кое во 1899 година го дал за магазинот „Бесмртност“.
Неговото комплусивно однесување, кое го следеше целиот живот, започна да владее со неговото секојдневие. Опсесијата со бројот 3 зафати неверојатни размери - за време на вечерата тој собирал 18 салфетки пред да почнел да јаде, бидејќи тој број бил делив со три. Кога престојувал во хотел, барал бројот на неговата соба да биде делив со три и секое утро барал да му се носат 18 крпи.
Според некои податоци, тој предизно ја одредувал масата со храна и броел колку движења му се потребни со вилицата пред да ја голтне. Имал фобија од тркалезни предмети, па така не можел да остане во друштво со жени кои носеле обетки.
Тоа очигледно бил пробелм наследен од семејството, а неговиот татко и брат покажувале симптоми на шизофренија и нарушување на личноста. Татко му бил познат по насилни разговори со самиот себе, имитирајќи различни личности, а неговиот брат страдал од често и тешки халуцинации.
Наводно и самиот Тесла страдал од халуцинации кои исто така придонеле за неговиот научен успех со оглед на инспирацијата што ја добивал за време на тие искуства. Идејата за моторот со струја, наводно била инспирирана од халуцинацијата на светлина и пламен.
Кога бил во лудило, Никола Тесла почнувал да разговара со гулаби, а за еден од нив тврдел дека е „способен да сака како човек“.
Тој гулаб му умрел во раце, а Тесла подоцна починал во долгови додека работел на проектот „Знаци на смртта“ за Советскиот Сојуз. Починал сам, во сиромаштија и донекаде изолиран, што всушност е тажен крај за пронаоѓач на модерното време. На најтешкиот можен начин научил дека не е доволно да се има само идеја или изум, туку потребно е да се поврзеш со вистинските луѓе и да бидеш социјално прифатен.
Фото: theconversation