Конечно сум дома: Огњен Амиџиќ излезе од болница, еве како се чувствува водителот

Конечно сум дома: Огњен Амиџиќ излезе од болница, еве како се чувствува водителот

Објавена во: Живот // Живот

Водителот Огњен Амиџиќ беше примен во КБЦ „Бежаниска коса“ со билатерална пневмонија пред една недела.

Иако двата ПЦР тестови покажаа дека тој е негативен во однос на коронавирусот, лекарите инсистираа Амиџиќ да направи скенирање на белите дробови, како и тест на крвта, по што дефинитивно беше потврдено дека е заразен со Ковид 19.

Огњен помина седум дена во болница, и беше пуштен вчера, бидејќи сите резултати беа добри, а тестот за антитела го покажа нивното присуство.

Тој вели дека се чувствува добро и дека им должи голема благодарност на лекарите од КБЦ „Бежаниска коса“.

„Фала му на Бога, добро сум! Излегов од болницата и конечно сум дома со моето семејство. Морам да се заблагодарам на доц. Д-р Марија Здравковиќ, директор на КБЦ „Бежаниска коса“, асс. д-р по медицински науки Марија Бранковиќ, раководител на одделот за гастроентерологија, како и целиот персонал на одделот за гастроентерологија.

Благодарност до сите што се загрижија и кои ме контактираа. Секако, благодарам на претставниците на Седмата сила, моите колеги за разбирањето. Со нетрпение го очекувам новото шоу во вторник навечер, кое ќе биде спектакуларно“ - рече Амиџиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: