Конечно убави вести за главната актерка од „Дара од Јасеновца“...

Конечно убави вести за главната актерка од „Дара од Јасеновца“...

Објавена во: Живот // Живот

Главната актерка од „Дара од Јасеновца“ се сели, доби повик кој не се одбива

По шокантната животна приказна за ѕвездата на филмот „Дара од Јасеновац“ Билјана Чекиќ, која живее во недовршена куќа во село во близина на Козарска Дубица, со нејзиниот брат, сестра и татко, а која е напуштена од нејзината мајка, голем број на луѓе се приклучија во желбата да им помогнат и да им изградат нов дом за живеење.

Додека не се случи тоа, управата на хотелите „Стара планина“ и „СП РЕСОРТ“ им понудила на актерката и на нејзиното семејство бесплатно сместување.

„Лично ме шокираше животната приказна на малата Билјана Чекиќ, па менаџментот на ЈП „Стара планина“ и „СП РЕСОРТ“ реши да ѝ понуди сместување на неа и на нејзиното семејство со цел барем накратко да ужива во сè она во кое нејзините врсници кои немаат финансиски потешкотии, уживаат во тоа. Тие можат да останат кај нас колку сакаат, односно додека не се изгради нивниот нов дом. Би сакал цела Србија да се обедини за да му помогнеме на ова прекрасно и скромно семејство, да го продолжат животот вреден за живеење“ - рекол за „Ало!“ Горан Караџиќ, директор на ЈП „Стара планина“.

Извор: ало.рс

Фото: Printscreen


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: